Фото: Фејсбук / „Грчка инфо“

ФОТО: Македонци и Срби извлекоа грчко комбе на Итната помош заглавено на плажа во Аспровалта

Група од неколкумина туристи, Македонци и Срби, со помош на еден Украинец, вечерва извлекле комбе на Итната помош кое било заглавено во песок на плажа во грчкото летувалиште Аспровалта.

Фото: Фејсбук / „Грчка инфо“

На социјалните мрежи за случајот објави турист од Македонија, кој вели дека тие со големи маки, користејќи два џипа, успеале да го извлечат комбето. Тој објави и неколку фотографии од успешната „акција“, кои наидоа на воодушевување во групата „Грчка инфо“ на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук / „Грчка инфо“
Фото: Фејсбук / „Грчка инфо“

Според македонскиот турист, тој не можел да седи со скрстени раце и да не помогне, откако минатата недела истото комбе ја превезувало во болница неговата мајка, која ја скршила ногата за време на летувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!