
ФОТО | Mајли Сајрус „полуде“ по Дамианo од „Манескин“
Фронменот на мегапопуларниот бенд „Манескин“, Дамиано Давид привлекува огромно внимание во јавноста. По победата на натпреварот за песна на Евровизија, овој ѓаволест младич е постојано во центарот на вниманието. На него не остана рамнодушна ни американската пејачка Мајли Сајрус.
Препорачано
Кога бендот ја направи кавер верзијата на „Мidnighht Sky“, песна која вообичаено ја пее Мајли, таа јавно ги пофали дека звучат одлично и дека едвај чека да ги запознае овие дечки, а странските медиуми објавија дека му напишала на Дамиано дека е воодушевена од неговиот изглед и глас.
View this post on Instagram
Кога конечно се видоа на американско тло, каде што бендот има турнеја, средбата е и повеќе од очигледно страствена и дури и за Дамиано малку незгодна?
Не требаше многу време за да се рашири медиумската приказна дека Мајли сакала да го заведе згодниот Италијанец, знаејќи ги нејзините бурни љубовни врски.
View this post on Instagram
Дамиано е верен со моделката и инфлуенсерка Џорџија Солери, како што велат италијанските медиуми. Заедно се четири години, а долго ја криеја својата љубов од јавноста.
А дали Дамиано и одолеал на Мајли, останува да претпоставуваме…