Фото: Instagram

ФОТО | Мајкл Џеј Фокс и Трејси Полан ја прославија 35-годишнината од бракот

Во домот на актерската двојка Мајкл Џеј Фокс (62) и неговата сопруга Трејси Полан (63) деновиве има повод за прослава,  тие штотуку ја одбележаа 35-годишнината од нивниот брак.

На своите профили на Инстаграм се пофалија со убавата вест и со емотивни пораки пишуваа за својата љубов.

Фото: Instagram/ tracy.pollan

„35 години!!! Среќна годишнина, љубов моја. За уште многу славни заеднички авантури. Те сакам повеќе од сѐ!“, напиша Полан покрај фотографијата од двајцата.

Мајкл исто така објави неколку фотографии и на романтичен начин ја искажа почитта кон својата сопруга, која ја запозна далечната 1985 година на снимањето на популарниот ситком „Family Ties“.

Фото: Instagram/ realmikejfox

„35 години смеење, живеење, те слушам и те сакам Трејси Полан. Ти благодарам за сѐ. Засекогаш твојот Мајк“, напишал тој.

Инаку, двајцата станаа пријатели во 1985 година кога на Полан ѝ беше доделена улогата на Елен, девојката на Алекс Пи Китон, кој го глумешед Фокс во „Family Ties“. И двајцата во тоа време излегуваа со други луѓе. Фокс беше во врска со актерката Ненси МекКион, а Полан беше во врска со Кевин Бејкон.

Фото: Instagram/ realmikejfox

Две години подоцна таа го напушти ситкомот, но судбината повторно ги спои во драмата „Bright Lights, Big City“ во 1988 година. На 16 јули 1988 година тие се венчаа, по само седум месеци врска. Во нивниот брак, тие имаат четири деца – синот Сем има 34 години, близнаците Аквина и Шујлер имаат 28, а најмладата Есме има 21 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!