Рита и Вера Ора / Моментот кога Рита Ора го зема српското знаме / Фото: Profimedia/Скриншот/Интаграм

ФОТО | Мајката на Рита Ора ѝ се развикала по „инцидентот“ со српското знаме, a сега се огласи

Британската пејачка со албанско потекло Рита Ора го привлече вниманието со концертот во Унгарија откако се обвитка со српското знаме, кое ѝ го даде обожавател од публиката.

 


Рита Ора одржа концерт во Сегед, а во еден момент момче од публиката ѝ даде српско знаме. Пејачката се завитка во истото знаме, а потоа објасни дека не знаела чие е знамето и дека мислела дека ѝ го дале унгарското знаме.

„Синоќа во текот на мојот настап на фестивалот СЗИН во Унгарија, еден млад обожавател ми врачи знаме. Поради силните светла на сцената, не можев јасно да видам чие е знамето. Дури кога се симнав од сцената, сфатив дека во прашање е српското знаме, а не унгарското. Иако ги ценам сите мои обожаватели од сите земји и култури, сакам јасно да ставам до знаење дека сум горда Албанка од Косово и никогаш немав намера да не го почитувам своето наследство или да го вознемирам својот народ или своето семејство“, изјави Рита Ора за „Клан Косово“.

По тој настан, се огласи и мајката на Рита Ора, Вера, која ѝ се развикала на ќерка си зад сцената по грешката со знамето, пишуваат српските медиуми.

 

Вера Ора објавила фотографија од својата ќерка на која покажува „двоглав орел“.

„Извини многу ти викав, но се изнервирав“, напишала Вера и на овој начин јавно ѝ се извинила на својата ќерка.

Евровизиските обожаватели негодуваат за настапот на Рита Ора: Зарем не се сеќавате што рече?

Евровизиските обожаватели негодуваат за настапот на Рита Ора: Зарем не се сеќавате што рече?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот