
ФОТО | Луѓето мислат дека имам милиони, а јас сум бездомничка: Некогаш славната пејачка заврши на улица
Пејачката на „С КЛУБ 7“ (S CLUB 7) Хана Спирит на Божиќ остана без покрив над главата и покрај нејзината светска слава.
Препорачано
Хана Спирит (41), чиј бенд заработи 50 милиони фунти, морала да живее во канцеларија со нејзиниот партнер Адам Томас (42) и нивните две деца. Пејачката и нејзиното семејство имале само два дена да пронајдат нов стан.
View this post on Instagram
Тие биле принудени да побараат услуга од пријател откако од нив побарале „луди“ 6.000 фунти однапред за краткорочен депозит. Хана, која заработувала 150.000 фунти годишно и пеела на преполни стадиони во 2000-тите, привремено го сместила семејството во деловните простории на еден пријател – користејќи ги како дневна соба.
Во текот на последните шест месеци биле во четири привремени домови, а сѐ уште се без свој дом. За да биде поголема агонијата, Хана била „врзана“ за кревет поради болест, а новиот „угостителски потфат“ на парот е во мирување.
View this post on Instagram
Пејачката признава дека нејзината поранешна заработувачка можеби на повеќето луѓе им изгледа голема сума. Сепак, тоа е ситна сума со оглед на тоа што бендот заработи 50 милиони фунти во нивниот најславен период со хитовите како „Don’t Stop Movin“ и „Bring It All Back“.
– Немавме добра плата во споредба со парите што се заработуваа. Луѓето мислат дека сите ние сме милионери, но за жал, тоа едноставно не е точно. Беше тоа што беше и ние тогаш уживавме – изјави таа за британски „Сан“.
Проблемите на парот започнале кога станодавецот ја продал куќата и им дал два месеца да го напуштат домот во југозападен Лондон. Но, одеднаш датумот на нивното преселување бил поместен и тие имале два дена до крајот на месецот да пронајдат ново место за живеење.
Тие ја отфрлиле опцијата за краткорочен депозит, а Хана за барањата за плаќање од 6.000 фунти однапред вели дека се „изнудувачки“.
Наместо тоа, еден пријател кој бил отсутен за Божиќ и Нова година им ја понудил својата куќа во Сари. Но, тоа значело дека парот немал каде да оди две недели пред празничната сезона – што ги принудило да побараат засолниште во канцеларијата на друг пријател, во близина на нивното празно кафуле.
– Она што нѐ зафркна е тоа што немавме време да најдеме друго место. Имавме каде да останеме за Божиќ, но времето истекуваше пред да можеме да се вселиме. Тоа беше само неколку недели. Го наполнивме неотвореното кафуле со нашите работи – имавме многу среќа што го имаме тој простор за складирање – но немавме каде да одиме. Ни беше дозволено да останеме во канцеларијата на нашиот пријател. Само го користевме како дневна соба. Можевме таму и да работиме, а децата си играа. Беше дополнителен простор. Детските кревети беа таму и ги извадивме боиците. Беше стресно, но се справуваш со тоа, нели? Особено со децата. Што не те скрши, како што велат… – додала таа.
Хана живеела гламурозно, стил на живот во кој уживала пред 20 години – пиење скапи вина и вечери во луксузни места и патувања низ светот како пин-ап девојка. „S Club 7“ е формиран во 1999 година и имаше четири британски број 1 синглови и еден број 1 албум во Велика Британија.
Тие стекнаа поголема слава преку ТВ-емисии, вклучувајќи ги „Miami 7“ и „Viva S Club“ пред да се разделат во 2003 година – откако продадоа повеќе од десет милиони албуми ширум светот.
Хана потоа се фокусирала на својата актерска кариера и почнала да оди на аудиции во Холивуд. Откако ја добила главната улога во научно-фантастичната драма на ИТВ „Primeval“ во 2007 година, таа се појавила во емисијата „West End“. Таа имала кратка улога во „EastEnders“ во 2017 година и улога во „Casualty“ на „Би-би-си“.
View this post on Instagram
„S Club 7“ беше на турнеја низ Велика Британија во 2015 година, а оваа есен планираат повторно да настапат. Сепак, Хана потпишала договор за датумите, вклучително и настапи во лондонската „О2 Арена“.
View this post on Instagram
И покрај тоа, Хана се бори со своите обврски како мајка и со плановите за кафулето.
– Бев болна и едвај можев да станам од кревет три месеци. Поминував низ некои работи, но не сум фокусирана на минатото. Упорни сме и добри сме. Минатата година беше ужасна, но оваа година ќе биде одлична – објаснила Хана.