Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Anica Lazic

ФОТО | Лазар Ристовски се свршил со 39 години помладата девојка? Сите зборуваат за прстенот на раката на Аница

Актерот Лазар Ристовски наводно се свршил со Аница Лазиќ, 39 години помладата девојка со која неодамна ја официјализираше врската.

Таа на Инстаграм сподели фотографија на која јасно се гледа прстенот на нејзината десна дланка па затоа сите мислат дека тие двајца се свршиле.

Фото: Инстаграм/ Аница Лазиќ

– Недела е за колачиња со најблиските – напишала Аница.

Да потсетиме, Лазар во изјава за „Телеграф.рс“ потврди дека е во врска со Аница.

– Вистина е, уживаме во љубовта. Не би коментирал повеќе, ве молам разберете. Се запознавме долго по разводот, таа нема никаква врска со мојот поранешен брак и развод – изјави Ристовски.

Аница глумеше со Лазар во филмот „Дрим тим“ како и во серијата „Попадија“. Таа глуми и во филмот „Психосоцијал“, а на нејзината веб-страница стои дека дипломирала психологија во Италија, на Универзитетот во Падова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот