Фото: Редит

ФОТО | Купил сако за 17 евра во продавница за половна облека, во џебот нашол цело богатство!

Еден „ловец на половни купувања“ одлучил да ја сподели својата неверојатна приказна на Редит и да предизвика љубомора кај илјадници корисници. Откако во продавница за половна облека купил сако за само 17 евра, дома во џебот пронашол сè освен ситница – сноп пари вреден околу 2.000 долари (околу 1.700 евра).

Купувачот прво внимателно го разгледал сакото, барајќи оштетувања. Но, наместо дупка или закрпа, наишол на снопче банкноти завиткани со ластик.

„Порано сум наоѓал разни ситници во половна облека, но никогаш вакво нешто“, напишал во својата објава.

Фото: Редит
Фото: Редит

По оваа исповед, следеле и други приказни. Еден корисник раскажал дека неговата сестра пронашла исто толку пари во џемпер со патентен џеб – 2.000 долари.

„Мислев дека станува збор за 100 долари, но кога стигнавме до автомобилот, ми покажа купче стотки. Плачеше од среќа, навистина ѝ требаа тие пари,“ напишал тој.

Друг сведок дури тврди дека неговото семејство пронашло вистинско богатство кога расчистувале куќа на далечна роднина која била колекционерка.

„Наоѓавме пари насекаде – во кошница за алишта, во стара кутија за леб, во џебови на скапа облека со етикети… Дури и неисплатени пензиски чекови. На крајот собравме речиси 100.000 долари,“ напишал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот