Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

ФОТО | Кралот Чарлс и кралицата Камила ја објавија божиќната честитка

Кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила, ја објавија овогодинешната божиќна честитка.

На нивниот официјален профил на Инстаграм се појави честитка на која пишува: „Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова Година“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Двојката насмеана позирала во градината на Бакингемската палата. На фотографијата Чарлс е облечен во сив костум, бела кошула и сина вратоврска, додека Камила е облечена во син фустан со долги ракави.

„Доаѓа Божиќ“, стои во описот на објавата , а фотографијата е направена во април.

Да потсетиме, во февруари годинава, палатата објави дека на кралот му бил дијагностициран рак додека бил на „рутинска болничка процедура поради бенигно зголемување на простатата“. Не открија од каков рак боледувал Чарлс.

Кралицата Камила имаше здравствени проблеми во изминатиот месец и откажа неколку планирани ангажмани. Бакингемската палата објави дека кралицата боледува од вирусна пневмонија.

Кралицата неодамна се врати на службените обврски и откри нови информации за нејзиното здравје.

„Сè уште сум малку уморна, закрепнувам “, рече таа пред неколку дена на прославата на 50-годишнината од „Women’s Aid“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот