Фото: Влада на РСМ

ФОТО: Ковачевски и министри во потрага по инвеститори во Абу Даби, се сретнаа со Ал-Кубаси и Ал-Суваиди

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на посетата на Абу Даби, остварија средба со Мохамед Саиф Ал Суваиди, генерален директор на Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) како и со Калифа ал-Кубаси, заменик-генерален директор, како и останати претставници на раководството на фондот.

Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) е владинo тело, меѓународен инвеститор со вложувања кои се проценуваат во повеќе милијарди долари, а присутен е и во развиени и во земји во развој во Северна Америка, Европа и Азија. Постои голем потенцијал за развој на соработката меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од ОАЕ во земјава, велат од Владата.

Фото: Влада на РСМ

„На средбата од страна на ресорните министри беа презентирани можностите за инвестирање во нашата земја и стана збор за опциите за соработка на конкретни инфраструктурни проекти, како и за инвестиции во областа на агробизнисот, соларната енергија и туризмот. Дополнително, се зборуваше и за приоритетните области за инвестиции кон кои е фокусирана Владата, покрај обновливите извори и реализација на „Зелената агенда”, дигитализацијата, иновациите и современа технологија“, се вели во владиното соопштение.

Фото: Влада на РСМ

Соговорниците разговарале и за предизвиците со кои Европа и светот се соочуваат во поглед на најголемата економско-енергетска криза како и за можностите за менаџирање и надминување, пришто беше истакнат заедничкиот став дека најдобар начин за надминување на тие предизвици е реализација на инвестиции во инфраструктура, како и во иновации и нови технологии.

Фото: Влада на РСМ

Двете страни ја истакнаа посветеноста за градење на дијалог помеѓу двете земји кој ќе води кон унапредување на взаемните односи. Беше истакнато дека паралелно со политичките односи, интензивирањето на економските односи е од голема важност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот