Фото: Damien Storan / PA Images / Profimedia

ФОТО | Колин Фарел ја туркал својата пријателка во инвалидска количка на маратонот во Даблин: Собрал над 700.000 долари за добротворни цели

Ирскиот актер Колин Фарел во неделата го истрча „Irish Life Dublin Marathon“ како поддршка на добротворната организација „Дебра Ајрланд“. Истрчал 42 километри за четири часа, а последните четири километри ја туркал својата долгогодишна пријателка Ема Фогарти (40) во количкам, пренесува „Њујорк пост“.

Фото: Damien Storan / PA Images / Profimedia

Ема има ретка и тешка генетска болест наречена epidermolysis bullosa. Тоа е наследна болест предизвикана од мутации во протеинските гени, која се карактеризира со силна чувствителност на кожата. На родителите на Ема им било кажано по нејзиното раѓање дека нема да живее ниту една недела. „Лекарите рекоа дека би било подобро да не преживеам бидејќи животот ќе ми биде многу тежок. Никој не очекуваше дека ќе преживеам толку долго“, изјави Фогарти за „Independent“.

Актерот, кој моментално може да се види во серијата „Пингвин“ на ХБО, го истрча маратонот во името на Ема. Ја турна во инвалидска количка преку целта и ја пофали дека покажала храброст. Фарел рече дека тоа што Ема му се придружи во трката е поголемо достигнување од трчањето маратон.

„Ја познавам Ема многу години и таа е олицетворение на храброста, таа е она што е храброст и чиста решителност. Трчањето маратон не е ништо во споредба со болката што ја трпи секој ден, иако не го покажува тоа. Чест ми е што ме чекаше да ги завршам тие 4 километри. Секој километар претставува една деценија од нејзиниот живот и никогаш нема да го заборавам тој дел“, изјавил актерот.

“Ова беше остварување на сонот за мене и сакам да му се заблагодарам на Колин, кој ми даде најголема поддршка. Не можев да побарам подарежлив и полојален пријател. Тој секогаш покажуваше сочувство и емпатија и во моите очи тој е шампион “, рече Ема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот