Фото: Инстаграм/Сара Мишел Гелар

ФОТО | Џип од 50.000 евра: Ќерката на познатиот пар доби луксузен подарок за 16. роденден

Холивудскиот актерски пар Сара Мишел Гелар и Фреди Принц Џуниор со голем стил го прославија 16. роденден на својата ќерка Шарлот. Славните родители ѝ приредија незаборавен ден и ѝ подарија нов, црн теренец, украсен со голема црвена панделка.

Покрај подарокот, гордата мајка на социјалните мрежи сподели емотивна порака придружена со фотографии од ќерката кога била бебе.

„Пред 16 години, на денешен ден, ме направи мајка. Верувам дека цитатот гласи… ќерката е само девојче кое пораснува и станува твоја најдобра пријателка. Шарлот, ти си тоа и уште многу повеќе – силна, инспиративна, љубезна, духовита (речиси колку и јас) и најважно од сè – единствена си, најдобра“, напиша Гелар.

Фото: Инстаграм/Сара Мишел Гелар

Актерката додаде и дека е „среќна што може да ја нарече своја најдобра пријателка“ и се пошегува дека со новиот автомобил конечно ќе биде нејзина „патничка принцеза“.

Фото: Инстаграм/Сара Мишел Гелар

Иако роденденскиот подарок беше исклучително раскошен, познатиот пар се труди своите деца, Шарлот и 12-годишниот Роки, да ги одгледуваат што е можно пообично.

„Вечерите ни се многу важни“, изјави Гелар за едно американско списание. „Ние сме семејство кое сака храна, сакаме да готвиме. Кога сите сме дома и вечераме заедно, телефони не се дозволени. Тоа е наш момент на поврзаност“.

Сара Мишел Гелар и Фреди Принц Џуниор важат за еден од најстабилните холивудски парови. Заедно се речиси три децении, а својата љубов и семејна среќа често ја споделуваат со обожавателите на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот