
ФОТО | Ким Кардашијан со честитката за Божиќ ги „навреди“ православните христијани
Ким Кардашијан вчера го славела православниот Божиќ со семејството и не пропуштила прилика да им го честита на многубројните следбеници најсреќниот христијански празник.
Препорачано
Но, никогаш не успева да го направи тоа како што треба и со години ја прави истата грешка, што предизвикува гнев во православниот свет.

Намерно или случајно, Ким Кардашијан знае да привлекува внимание. По потекло од Ерменија, од православно семејство, таа го слави Божиќ на 7-ми јануари. Бидејќи не ги заборава своите корени, секогаш се сеќава да им го честита Божиќ на своите сонародници. Сепак, се чини дека Ким е убедена дека православниот Божиќ е само за Ерменците или пак едноставно останатите православни луѓе не ѝ се многу важни.
Имено, таа на својот Инстаграм профил напиша „Среќен ерменски Божиќ“ и предизвика бура од коментари. Да и беше прв пат, можеби ќе ѝ се прости што не е запознаена со црквата, католицизмот и православието, јулијанскиот и грегоријанскиот календар, но едноставно изгледа невозможно никој од нејзиното семејство или ПР тимот да не ѝ објаснил.
За оваа година нејзината честитка да биде уште повпечатлива Ким се обидела да го направи знамето на Ерменија и преку него да посака среќен празник, но не успеала да го погоди редоследот и нијансите на боите на знамето.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5