Брукс Нејдер/Карлос Алкараз / Фото: Принтскрин/Инстаграм/EPA-EFE/NEIL HALL

ФОТО | Карлос Алкараз ја освои најсексапилната жена на светот: Убавицата беше во брак со милијардер, а ја поврзуваа и со Том Брејди

Се шпекулираше дека убавицата Брукс Нејдер е во врска со италијанскиот тенисер Јаник Синер, за да се испостави дека нејзино момче е, всушност, Карлос Алкараз, а тоа го откри нејзината сестра. Шпанскиот тенисер, актуелниот победник на САД Опен, ја освои една од најубавите жени на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by New York Post (@nypost)

Сестра ѝ ја оддаде

Сестрата на Брукс Нејдер, познатиот модел на „Спортс илустрејтед“, вчера направила вистински метеж.

„Гласините се точни, забавувањето е толку чувствителен поим, но знам дека тој е маж вреден за восхит“, изјавила Грејс Ан Нејдер за „Е! Њуз“.

Таа со тоа потврдила дека Брукс Нејдер (28) и Карлос Алкараз (22) се во врска! Грејс нагласила дека момчето на нејзината сестра е „толку слатко“, но дека таа сè уште не го запознала.

Пред тоа, Алкараз беше поврзуван со британската тенисерка Ема Радукану. Тој немал јавна врска откако стана познат во тенисот. Сè  досега.


„Умирам од желба“, рекла Грејс, додавајќи дека Алкараз ги запознал нејзините сестри Мери Холанд и Сара Џејн Нејдер. А сестрите Нејдер се нарекуваат новата генерација Кардашијан, какао поради нивниот изглед, така и поради нивната очигледна желба да бидат во центарот на вниманието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooks Nader (@brooksnader)

Нејдер го гледала натпреварот помеѓу Алкараз и Синер

Грејс во август рекла за „Пејџ сикс радио“ дека името на момчето на нејзината сестра Брукс се римува со зборот шампион, победник на англиски јазик (winner), што го навело водителот Дени Марфи да помисли дека станува збор за тенисерот Јаник Синер.

Откако водителот констатирал дека Брукс е во врска со Синер, оваа убавица ѝ рекла на сестра си: „Престани да зборуваш! Ќе те удрам кога ќе се вратиме дома“.

 

Џими Кимел потоа во својата емисија ја прашал Брукс дали е во врска со Јаник Синер. Таа одговорила: „Дали е ова испрашување? Многу сум исплашена во моментов.“ Додала дека треба да го праша Стивен Колберт, кој исто така бил во студиото, чиј тениски натпревар го гледале.

„Не мислам дека Синер играше тогаш. Блиску си, жешко“, додала Брукс Нејдер, која го гледала натпреварот на Алкараз на Отвореното првенство на САД на 31 август. Таа го следела финалето во кое играа Карлос и Јаник Синер.

Брукс Нејдер (28), која е шест години постара од шпанскиот тенисер Алкараз, имаше бурна врска со учесникот во „Танц со ѕвездите“ Глеб Шевченко. Таа рекла дека тој ја изневерил и дека имал тројка зад нејзиниот грб, што тој го негираше. Убавицата беше во брак со инвеститорот Били Хеар, се разделија во 2004 година, а се разведоа оваа година. Беше поврзана со ѕвездата на НФЛ, Том Брејди, откако двајцата присуствуваа на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција во јуни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooks Nader (@brooksnader)


Брук е позната по своите голи стајлинзи, односно нејзиниот многу провокативен стил.

Алкараз со трофејот над САД Опен освои пет милиони долари, но ќе му останат речиси двојно помалку

ФОТО | „Кралицата на бикините“ ги покажа своите атрибути во ризичен фустан: Едвај успеа да ги покрие градите

ФОТО | „Кралицата на бикинито“ прошета во проѕирен фустан и имаше што да покаже

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот