Фото: Профимедиа

ФОТО | Камерон Дијаз на 51 година доби второ дете и убавата вест ја објави на прекрасен начин

Атрактивната актерка тајно стана мајка по вторпат и на симпатичен начин ја сподели убавата вест со обожавателите.

Холивудската актерка Камерон Дијаз (51) е позната како некој кој одлично ја чува својата приватност, особено во последните години.

Таа направи пауза од актерството за да се посвети на семејството што го заснова со рокерот Бенџи Маден и не се ескпонира во медиумите како порано, па така успешно досега криеше што нивното семејство доби уште еден член.

Камерон вчера на Инстаграм објави дека станала мајка на момче кое го добиlo името Кардинал Маден.

„Благословени сме и возбудени што можеме да ја споделиме веста за раѓањето на нашиот син, Кардинал Маден“, напиша актерката покрај фотографијата од уметничките дела на нејзиниот сопруг.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Тој е неверојатен и сите сме пресреќни што е тука! Заради безбедноста и приватноста на децата нема да ги објавувам фотографиите, но тој е навистина сладок“, напиша Камерон.

Таа не го откри датумот на раѓање на синот ниту како момчето дошло на свет, а се шпекулира дека е во прашање сурогат-мајка.

Камерон Дијаз и Бенџи Маден се во брак од 2015 година и ја имаат четиригодишната ќерка Радикс. Актерката блеска откако е вљубена во Маден, а во една прилика истакна дека не ни помислувала да се омажи додека не го запознала.

– Бракот беше најдоброто нешто што го направив во моите 40-ти, ме отвори на различни начини. Ова е супер. Не мислев дека ќе го сторам тоа и не знам дали ќе го направев ако не го запознаев сопругот. Тоа беше изненадување за мене – изјави актерката за „Харперс базар“.

камерон дијаз
Фото: Профимедиа

Таа во минатото зборуваше и за тоа како не се гледа себеси во улога на мајка.

– Тоа што немам дете навистина ги олеснува работите, но тоа не значи дека е лесна одлука. Јас сакам да ги штитам луѓето, но никогаш не ме привлекуваше мајчинството – изјави Камерон.

Сепак, тоа се смени дури откако се омажи за Маден, а Камерон сега ужива во семејниот живот, поради што и го напушти Холивуд на неколку години.

Камерон Дијаз тврди: Нормално е брачната двојка да спие во посебни соби…

ВИДЕО | Камерон Дијаз откри како е да се стане мајка на 47 години: Сега треба да живеам до 107

ФОТО | Го крие приватниот живот како змија нозете: Први фотографии на Камерон Дијаз со ќерката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот