ФОТО | Калиопи емотивна за роденденот на Ромео Грил: Му честиташе на поранешниот сопруг со ретро фотографии

Македонската пејачка Калиопи денеска го израдува својот поранешен сопруг и долгогодишен пријател Ромео Грил, кој слави роденден. Пејачката, која остана блиска со Грил и по разводот, му упати емотивна честитка преку Инстаграм, придружена со ретро фотографии и видео.

„Маестро Ромео, среќен роденден! Како вистински диригент на својата приказна, нека секој ден ти свири во најубав ритам – со хармонија на здравје, мелодија на среќа и акорди на љубов и успех. Продолжи да инспирираш и да создаваш моменти што се паметат“, напиша Калиопи.


На видеото што го сподели се гледаат заеднички спомени од нивниот брак во oсумдесеттие, но и понови моменти од музички студија, промоции и пријателски средби.

Да потсетиме, Калиопи и Ромео Грил имаат заеднички син, Пако. По нивниот развод, пејачката се омажи со актерот Васил Зафирчев, а иако и тој брак заврши, таа често знае да каже дека со двајцата бивши сопрузи има извонредни односи и дека се дел од нејзиниот најблизок круг.

Оваа емотивна честитка уште еднаш ја потврди силната врска што Калиопи и Ромео ја задржале низ годините – од поранешни сопружници, преку уметнички соработници, до блиски пријатели.

Ексклузивно интервју со Калиопи: Ромео е циник со покритие и бескрајно романтична душа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот