
ФОТО | Јелена Ѓоковиќ денеска полни 39 години: Роденденската торта оваа година има посебно значење за неа
Сопругата на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го прослави својот 39-ти роденден. Јелена Ѓоковиќ сподели фотографија на Инстаграм на која е со сопругот и децата – синот Стефан и ќерката Тара.
Препорачано
Наместо луксузна забава Јелена го прослави роденденот во скромна семејна атмосфера во стан кој, како што пренесуваат медиумите, чини 10.000.000 евра.
Јелена откри дека специјално за нејзиниот роденден ќерката Тара и направила прекрасна роденденска торта.
„Кога Јелена го слави својот роденден, Тара ѝ прави торта“, напиша Јелена Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
На фотографијата може да се види им мал дел од нивниот луксузен дом во Црна Гора каде поминуваат поголем дел од времето, особено во летниот период.
„Семејството Ѓоковиќ обожаваат да ја посетуваат Црна Гора и се чести гости тука. Иако веќе имаат имот во Порто Монтенегро, тие решија да купат луксузен стан во новата населба Портонови, која се наоѓа во близина на Херцег Нови“, открил извор за весникот „Ало“.
Ова е луксузна населба која е изградена на местото на поранешната воена касарна во Кумбор. Комплексот е изграден според светските стандарди, токму поради тоа, цените по квадратен метар се огромни, а вредноста на становите и вилите се движи од три до 10 милиони евра.