Фото: Profimedia

ФОТО | „Изгледа очајно, навистина тажно“: Хајди Клум ги покажа градите во проѕирен фустан на Модната недела во Париз

Супермоделот Хајди Клум (52) повторно се најде во центарот на вниманието на Модната недела во Париз, појавувајќи се на ревијата на модната куќа „Ветмо“ за колекцијата пролет/лето 2026. Но, наместо вообичаени пофалби, овој пат манекенката доби повеќе критики и потсмев.

Клум се појави во проѕирен чипкан фустан кој ги откриваше белите танга гаќички и фактот дека не носи градник. Изгледот го заокружи со салонки во боја на кожа, црни очила за сонце, тешка шминка и несекојдневен моден додаток – златни навлаки за заби.

Фотографиите од ревијата веднаш предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи. Многумина го оценија изгледот како вулгарен и очаен обид за привлекување внимание.

„Изгледа емотивно незрело. Очајнички се држи до своите 20-ти. Очајот не е привлечен – само тажно“, напиша еден коментатор. Друг додаде: „Зрачи со очај. Апсолутно без класа“.

Фото: Profimedia

Иако ваквите проѕирни комбинации одамна се присутни на црвените килими, благодарение на имиња како Ким Кардашијан и Бјанка Ценсори, многумина сметаат дека тоа било несоодветен потег за Клум.

Особено внимание привлече фактот што Клум на ревијата пристигна со својата 21-годишна ќерка Лени, која чекори по стапките на мајка си во модниот свет. Лени беше облечена многу поскромно, во кратка црна маица и тесна сукња, но дел од јавноста смета дека Клум со својот избор го украла нејзиниот момент.

„Уште една Мадона – не може да порасне. Му го краде вниманието на сопственото дете“, забележа еден коментатор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот