Фото: Profimedia

ФОТО | Исклучително згодна на 56 години: Никол Кидман мамеше воздишки на плажа

Австралиската актерка Никол Кидман (56) „го украде шоуто“ на плажа во Сиднеј, каде го помина денот со сопругот Кит Урбан (56) и семејството.

Како што може да се види на фотографиите, Кидман уживала во пливањето и го заштитила својот светол тен од силното сонце со костим за капење со долги ракави.

По капењето, трчала на плажата кон чадорот за сонце за да биде што е можно помалку на сонце.

Фото: BACKGRID / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Кидман веќе извесно време е мета на критики за својот изглед. Таа призна дека користи ботокс, негира какви било други естетски зафати, но сепак нејзиното лице е главна тема меѓу обожавателите.

Така беше и во ноември минатата година, кога таа и нејзиниот сопруг се појавија на црвениот тепих.

Никол Кидман
Фото: BACKGRID / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, Кидман и Урбан ќе ја послават 18-годишнината од бракот во јуни. Актерката го запознала музичарот во 2005 година и се заљубиле на прв поглед, но не си кажале веднаш.

На Урбан му требале четири месеци да ја повика Кидман по нивната прва средба. Во 2006 година, пејачот ја изненадил холивудската ѕвезда со цвеќе во 5 часот наутро на нејзиниот роденден, а романтичниот гест ја натерал да се омажи за него.

ФОТО | Науката одлучи според златниот пресек: Овие убавици ги имаат најсовршените нозе на светот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот