
ФОТО | Ирина Шајк доби огромен букет рози за својот 39-ти роденден од мистериозен обожавател
Познатиот руски супермодел Ирина Шајк на 6 јануари го прослави својот 39-ти роденден, а папараците ја фотографираа на улиците на Њујорк со голем букет цвеќе.
Препорачано
Руската убавица во понеделникот беше забележана во Њујорк како носи два прекрасни цветни аранжмани кои ѝ ги подарил мистериозен испраќач, вклучително и огромен букет розови рози.


На овој убав ден манекенката беше облечена во црно од глава до пети. Таа блесна во фустан кој го искомбинира со тренч капут и чанта од луксузната француска модна куќа „Хермес“. Роденденското издание го комплетираше со црни очила за сонце, а како детаљ носеше големи сребрени обетки.
Минувачите забележале дека на левата рака има голем прстен.
View this post on Instagram
Денес, ден по нејзиниот роденден, Ирина Шајк се огласи на Инстаграм за да им се заблагодари на своите фанови за убавите желби и честитки.
„Ви благодарам многу за сите роденденски желби и љубов! Најдобар начин да започне 2025 година“, напиша таа на фотографиите.
На сликите кои ги сподели со своите следбеници, таа пренесе малку од атмосферата од нејзиниот роденден.
Таа на својата инстаграм приказна објави фотографија со роденденска торта и нејзиниот миленик.