
ФОТО | И со скршено стапало стилот не смее да трпи: Ким Кардашијан стави гипс во форма на висока потпетица
Ким Кардашијан очигледно мора да биде модерна без разлика на сè. Реалити ѕвездата неодамна го скрши стапалото, а сега на социјалните мрежи се пофали со фотографија од гипсот што предизвика бројни реакции кај обожавателите.
Препорачано
Имено, на фотографијата се гледаат нејзината нога и стапалото покриени со гипс, кој е обликуван да личи на стилизирани високи потпетици. Таа дури успеала да го задржи црвениот лак на ноктите.

„Секогаш си чекор понапред кога е модата во прашање“; „Ова ќе стане нов тренд“; „Кога ќе ја скршиш ногата, но не се откажуваш од излегувањето“, се само дел од коментарите.
Но, имаше и такви кои изразија загриженост, посочувајќи дека носењето гипс во таква форма не е здраво и може дополнително да ја влоши повредата на стапалото.
Да потсетиме дека на почетокот на месецот Ким откри дека го повредила стапалото, но не објаснила детално како дошло до несреќата. И покрај повредата, таа се појави на отворањето на бутикот SKIMS во Њујорк возејќи се на скутер по мерка за нејзиното повредено стапало. Сепак, таа се одлучи за штикли и покрај сите предизвици.
Ова не е прва повреда со која Ким се здоби оваа година. Таа го скршила показалецот и средниот прст во текот на летото, а во своето реално шоу открила дека повредата била толку лоша што коската ѝ излегувала од кожата.
Ким Кардашијан има ново момче, но се обидува да го задржи тоа во тајност