Фото: Профимедиа

ФОТО | Холивудскиот гламур преселен во Аспен: Познатите ги прошетаа модните комбинации по улиците на скијачкиот центар

Холивудските ѕвезди традиционално заминаа во еден од најлуксузните скијачки центри, Аспен, Колорадо. Мараја Кери и брачната двојка Голди Хоун и Курт Расел шетаа по улиците, додека други како Кендал Џенер, Хејли и Џастин Бибер уживаа на скијачките патеки.

Аспен во Колорадо е најпосетуваната локација за зимски одмор од страна на холивудските ѕвезди. Ова идилично гратче со помалку од 10.000 жители е опкружено со неверојатни планински предели, па не е изненадување што со години е главна дестинација на познатите ѕвезди.

Денес таму се наоѓаат некои од најлуксузните хотели во Северна Америка, а на секој чекор има и луксузни ресторани. Покрај незаборавното скијачко искуство, градот е познат и по богатиот ноќен живот. Претставувајќи одлична дестинација за бегство од градската гужва, тој доби многу фанови, особено кај оние кои можат да си дозволат малку полуксузен зимски одмор. Како и секоја година, холивудските ѕвезди се насобраа во нова празнична авантура, па листата на познати имиња кои можеме да ги видиме во овој веќе познат град од ден на ден расте.

Фото: The Daily Stardust / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Мараја Кери долги години ги поминува празниците во Аспен со своите синови, 12-годишните близнаци Марокан и Монро. Традиционално, на 54-годишната кралица на Божиќ во изминатите години ја придружуваше нејзиниот долгогодишен партнер, 40-годишниот Брајан Танака, чие отсуство оваа година доведе до шпекулации дека парот ја прекинал врската. Сепак, пејачката на божиќниот хит „All I Want for Christmas Is You“ решила засега да ги остави овие проблеми и да се препушти на божиќниот дух, па веќе пазарела во Аспен во продавниците на „Прада“, „Луј Витон“, „Гучи“ и „Кит“.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Неодамна се раздели и Кендал Џенер се раздели од својот партнер. Според магазинот „Пипл“, извор близок до парот потврдил дека славната манекенка повеќе не е во врска со порториканскиот рапер Бед Бани. Се разбира тоа не ја спречи Кендал Џенер да ужива во друштво на пријатели во Аспен. Таа
им се придружила на Џастин Бибер, неговата сопруга Хејли и актерка Нина Добрев и нејзиниот партнер Шон Вајт, кој е професионален сноубордер и скејтбордер.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Од друга страна, во вистинска зимска романса ужива и 78-годишната Голди Хоун со нејзиниот сопруг, 72-годишниот Курт Расел. Актерскиот пар се запозна на снимањето на филмот „The One and Only, Genuine, Original Family Band“, а заедно се 40 години. Во Аспен шетале низ градот во потрага по божиќни подароци, а не се плашеле да ја покажат љубовта еден кон друг, па дури и размениле неколку бакнежи на улица.

Фото: The Daily Stardust / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

 

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот