Селена Гомез / Фото: EPA

ФОТО | Градите во преден план: Селена Гомез се појави на БАФТА во фустан со длабоко деколте, најсмелиот изглед досега

Синоќа се одржа 78. доделување на филмските награди на Британската академија за филм и телевизија – БАФТА, а на црвениот тепих блеснаа многу познати ѕвезди, меѓу нив особено внимание привлече Селена Гомез.

Актерката и пејачка реши со своето присуство да ги одбележи овогодинешните награди БАФТА. Иако оваа престижна награда и „лизна“ од рацете, Селена ќе остане запаметена по храбриот моден избор.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Имено, актерката се прошета на црвениот тепих во елегантен фустан кој ја истакна нејзината фигура. Нејзината модна комбинација се состоеше од тесен долг фустан украсен со монистра и изразено црно кадифено деколте. Всушност, најголемото внимание на јавноста на црвениот тепих беше насочено кон деколтето на пејачката и актерка.

Градите на Селена, речиси ќе ѝ испаднеа од претесното деколте, а таа својата модна комбинација ја комплетираше со едноставна и нежна шминка и одмерени модни додатоци.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Бидејќи целото нејзино изданиее само по себе беше драматично, таанемаше потреба од комплицирана фризура. Имено, Селена на наједноставен начин ја обликуваше косата – избра висока пунџа.

Таа се тресеше од студ додека позираше на црвениот тепих, а нејзиниот менаџер по фотографирањето ја покри со јакна.

„Непријатно ѝ е затоа што и е премногу студено, но изгледа толку добро“; „Убава е“; „Овој фустан ` стои по мерка“; „Блеска“; „Дколтето по мерка“, се дел од комплиментите што ги доби на социјалните мрежи.

БАФТА 2025: „Конклава“ и „Бруталистот“ триумфираа на британските филмски награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот