Фото: Принтскрин / инстаграм

ФОТО | Голема забава, торта и сите внуци на број: Тамара и Тијана го прославија роденденот на мајка им Брана

Мајката на нашите пејачки Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ, Брана, неодамна го прослави својот 76. роденден.

Сестрите одлучија да ја изненадат нивната мајка и да го поминат овој ден заедно. За оваа пригода целото семејство се собра на голема забава во еден елитен ресторан каде со чаша вино наздравија за нејзиниот роденден.

Сега, пејачките споделија емотивните моменти од роденденската забава. Имено, Тамара и Тијана на социјалните мрежи објавија серија фотографии каде може да ги видиме пејачките заедно со своите деца и најблиските. Меѓу фотографиите има една на која внуците позираат заедно со нивната баба Брана покрај роденденската торта.

„Љубовта кон семејството е најголемиот благослов во животот“, пишува покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


Инаку, Брана е поранешна оперска пејачка, додека нивниот татко Велко е поранешен професор по контрабас. Тие не се во брак, но секогаш се сплотени и заедно во првите редови за да ги поддржат нивните ќерки.

 

ФОТО | Мајката на Тамара и Тијана го прослави 76. роденден: „Среќен роденден мама“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот