Фото: Evgenij Pop Acev / FB

ФОТО | Голема чест: Евгениј Поп Ацев примен во Интернационалната „Куќа на славните“

Maкедонскиот маратонец, Евгениј Поп Ацев е примен во Интернационалната „Куќа на славните“ во маратонско пливање што секако е огромно признание.

Поп Ацев е примен како почесен пливач во класата 2024 година, а секако задоволството кај него од ваквото признание беше огромено.

Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел од мојата пливачка кариера и ме поддржуваа во минатите 20 години“, изјави Поп Ацев.

Низ кариерата Поп Ацев има големи успеси и победи на многу маратони, а успеа да стане и трикратен светски шампион во 2015, 2017 и 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот