Кејт Бланшет, Ричард Гир и Глен Клоуз - Фото: Принтскрин/ Икс

ФОТО | Голем број познати личности присуствуваа на модната ревија на Џорџо Армани неколку недели по смртта на дизајнерот

Бројни познати личности се собраа на Неделата на модата во Милано за да му оддадат почит на Џорџо Армани. Ревијата за пролет/лето 2026 се одржа синоќа во музејот Пинакотека ди Брера, со што заврши Неделата на модата и се одбележа 50-годишнината од постоењето на брендот.

Меѓу гостите на шоуто беа Кејт Бланшет, Глен Клоуз, Лорен Хатон, Спајк Ли, Семјуел Л. Џексон, Ричард Гир, Алехандра Силва, Ана Винтур, Лесли Биб и други пријатели и соработници на Армани, пишува „Пипл“.

Самуел Л. Џексон (76) претходно му оддаде почит на Армани на денот на неговата смрт, велејќи: „Ви благодарам, г-дине Џорџо Армани, за безбројните години пријателство, соработка и посветеност на вашата визионерска работа. Нека Бог ве благослови и прими во вечен мир.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samuel L Jackson (@samuelljackson)

На свеченостите им претходеа други настани: на 30 август, на Венецискиот филмски фестивал, Армани ја лансираше својата дигитална архива Armani/Archivio, по што следеше гала вечера на која беа поканети Бланшет, Роузи Хантингтон-Вајтли, Моли Гордон и Џема Чен.

Исто така, на 24 септември, во галеријата Брера во Милано беше отворена изложбата „Џорџо Армани, Милано, за љубов“, на која беа претставени повеќе од 100 парчиња од изминатите пет децении кои беа лично избрани од дизајнерот.

Имено, во своето последно интервју, објавено на 29 август во „Фајненшл тајмс“, Армани призна дека најголемо жалење му е што поминал премногу време работејќи, а недоволно време со пријателите и семејството. Тој зборуваше и за планот за наследување, постепеното пренесување на одговорностите на блиските соработници, членовите на семејството и тимот, со желба промената да биде органска и да не предизвика ненадеен прекин.

Иако ја пропушти машката модна ревија на Неделата на модата во Милано во јуни, тоа беше првпат по 50 години да биде отсутен, тој ги следеше настаните од далечина преку видео пренос додека се опоравуваше од здравствени проблеми.

Потоа изјави: „Ги управував сите операции – од пробите, до закажувањето претстави, до шминката – од далечина преку видео врска. Сè што ќе видите беше направено под мој надзор и со мое одобрение.“

Да ве потсетиме дека легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 4 септември на 91-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот