Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

ФОТО | Ѓоковиќ ја посвети победата на жртвите од масакрот во Белград и испрати емотивна порака

Новак Ѓоковиќ со победа го стартуваше АТП турнирот во Рим, а триумфот против Аргентинецот, Томас Мартин Ечвери го посвети на жртвите во масакрот во Белград.

Ѓоковиќ го победи Ечвери со 2:0 во сетови, а потоа на пораката на камерата остави порака за жртвите од основото училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

„Св. Василија Остроши, моли го Бог за нас. ОУ „Рибникар““, напиша Новак на камерата.

Фото: Screenshot

Ѓоковиќ по мечот даде и емотивна изјава.

„Сакам да кажам дека најискрено ми е жал што немав шанса до денес да се обратам за тој масакр во училиштето „Рибникар“. Сакам да испратам на најискрено сочувство до семејствата на кои им загинаа децата. Како родител на две деца можам само да замислам како се чувствуваат. Им посакувам сила и љубов, се надевам ќе ги надминат овие тешки моменти“, изјави Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот