фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ФОТО | Ѓоко Зајков ќе игра во ОАЕ за тимот на Ајман

Ѓоко Зајков, после настапите за најдобрата македонска фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство 2026, пронајде нов клупски ангажман.

Официјално, нашиот одбранбен играч ќе настапува во Обединетите Арапски Емирати за тимот на Ајман.

– Со задоволство го најавуваме приклучувањето на македонскиот интернационален одбранбен играч, Јуко Зајков, во нашиот клуб, кој доаѓа од романскиот клуб, Универзитатеа Крајова, за да ја зајакне одбранбената линија на Ајман со неговото искуство и експертиза на европските стадиони – стои во соопштението на фудбалскиот клуб Ајман.

Минатата сезона во Романија имаше 25 настапи, и по еден гол и асистенција.

Пред да се пресели во Романија 30-годишниот дефанзивец беше дел од Работнички, Рен, Рен Б, Шарлроа, Левски Софија, Ворскла Полтава и Славија Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот