Дејвид Бекам / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Ги „фрли“ жените во транс! Дејвид Бекам позира провокативно, совршените мускули во преден план

Дејвид Бекам уште еднаш ја „крена“ температурата на социјалните мрежи објавувајќи заводлива фотографија во долна облека. Легендарниот фудбалер, кој сега има 49 години, позираше само во боксерки, што предизвика бура од коментари и воодушевување кај неговите фанови.

Имено, Бекам позираше за потревите на рекламата за брендот „БОСС“, а коментарите под фотографијата беа исполнети со пофалби за неговиот беспрекорен изглед.

„Токму ова ми требаше“; „Вилицата ми е на подот“; „Ова е најдобриот ден во мојот живот“, беа некои од нив.

Одговори и неговата сопруга Викторија Бекам, која накратко напиша: „Мојот шеф“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Инаку, Бекам често ги покажува совршените мускули позирајќи без горен дел. Тој на крајот на минатата година ги почести своите обожаватели со фотографија на која е без кошула, а тие му ја доделија титулата „најзгоден маж на планетата“.

Бизнис-империјата на Дејвид и Викторија Бекам расте без престан – Колку вреди златниот пар?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот