Фото: FIBA

ФИБА: Победата на Финска над Србија е изненадување на векот

Вчерашниот пораз на Србија во осминафиналето на Евробаскетот од Србија беше огромно изненадување и едно од најголемите во последните години.

На Евробаскетот Србија присигна како главен фаворит и целата земја очекваше злато, но беа запрени веќе во првата пречка по нокаут фазата.

Дека од поодамна не се памети поголемо изненадување покажуваат и објавите на ФИБА во кои победата на Финска ја нарекоа изненадување на векот.

Ниту букмејкерите претходно не веруваа премногу дека Србија може да биде елиминирана, па така коефициентот за победа на Србија изнесуваше 1.05, а за Финска 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот