фото: Слободен печат/Драган Митрески

ФОТО: Фабрицио Романо доби дрес од Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше нов одлични перформанси во дресот на Рајо Ваљекано кој одигра нерешено 1:1 против Барселона во „Ла Лига“.

Рајо Ваљекано водеше со 1:0, но Барса успеа среќно да го избегне поразот со автоголот на Лежен кој го измами нашиот чувар на мрежата.

Новинарот Фабрицио Романо, експертот за фудбалски трансфери на својот Инстаграм профил објави слика заедно со Димитриевски и од кого доби дрес од натпреварот против каталонскиот гигант.

Македонскиот голман има важечки договор со Рајо Ваљекано до крајот на сезоната, односно до 30 јуни 2024 година.

Токму Романо овој месец објави дека Севиља и Виљареал се клубовите кои покажуваат интерес за нашиот репрезентативец.

фото. instagram.com/fabriziorom

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот