Елизабет Харли и нејзината мајка Анџела - Фото: Инстаграм

ФОТО | Елизабет Харли и нејзината мајка која има 85 години покажаа импресивни фигури во бикини: „Каква мајка, таква ќерка“

Актерката Елизабет Харли (60) редовно воодушевува со своите фотографии во бикини, а сега покажа од кого ја наследила својата убавина. Таа објави фотографија на Инстаграм на која позира со нејзината мајка Анџела, која неодамна го прослави својот 85-ти роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Елизабет и Анџела ги покажаа своите сензационални фигури во костими за капење со леопардски принт. Харли избра мини бикини кои ги истакнуваа нејзините гради и затегнат стомак. Нејзината мајка носеше длабок едноделен костим за капење кој го покажуваше нејзиниот тенок струк и дефинирано деколте.

Обожавателите на познатата актерка не можеа, а да не бидат воодушевени од тоа колку Елизабет и Анџела си личат една на друга, а особено беа воодушевени од младешкиот изглед и завидната фигура на Анџела.

„Каква мајка, таква ќерка. Две убавици“, „Сега гледам од кого си ја наследила убавината“, „Ајде да зборуваме за добри гени“, „Ова сè објаснува. Добри гени. Прекрасна фотографија“, „Дефинитивно си ја добила лотаријата на добри гени“, „Двете убави, сега знаеме од кого си ги наследила добрите гени“, напишаа тие во коментарите.

Освен што често споделува фотографии во бикини, Харли во последно време гордо го покажува своето ново момче, музичарот Били Реј Сајрус. Двојката јавно ја објави својата врска во април, и оттогаш јасно покажуваат колку се вљубени еден во друг. Неодамна таа сподели моменти што ги поминале во Обединетото Кралство, каде што Били првпат дошол да го помине летото.

Иако се заедно само неколку месеци, нивната врска брзо се зацврсти, а Били неодамна изјави дека Елизабет е „љубовта на неговиот живот“.

Двојката се запознала во 2022 година на снимањето на филмот „Божиќ во рајот“, а ја започнале својата врска откако Били се развел од својата трета сопруга, Фајероуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот