Фото: Фејсбук/Каролина Гочева

ФОТО | Елегантна и софистицирана: Каролина Гочева блесна во Штутгарт со едноставна, а моќна комбинација

Македонската пејачка Каролина Гочева во саботата (23 ноември) ја започна својата турнеја низ Германија со концерт во Штутгарт, а вечерва ќе настапи пред своите обожаватели во Нирнберг.

Елегантна како и секогаш, нашата музичка дива настапи во прекрасен црн фустан на дизајнерката Јована Филиповиќ, целосниот изглед ѝ го осмисли стилистката Јована Зука. За шминката и за фризурата се погрижи Елена Митев, која целосно ѝ ја истакна убавината на Гочева.

„Благодарност до сите кои бевте и пеевте со нас во саботата во Штутгарт! Ние сме веќе во Нирнберг и ве чекаме вечерва“, напиша Гочева на својата официјална страница на Фејсбук.


Гочева следно ќе настапи во Дизелдорф (29.11), Мајнц (1.12), Хамбург (13.12) и Берлин (16.12).

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот