
ФОТО | Една од нив е во нашето соседство: „Тајмс“ ги избра најубавите европски дестинации за есенски прошетки
Летото можеби заврши, но тоа не значи дека пасошот треба да остане во фиока. Есенските денови со свеж воздух и пријатни температури се совршено време за нови авантури, а британскиот весник „Тајмс“ состави листа на 25 најдобри европски дестинации за есенски пешачења.
Препорачано
Меѓу најпрепорачуваните места се наоѓаат Проклетие во Албанија, познати и како „Албански Алпи“. Според „Тајмс“, тоа е „празно, но возбудливо место“ со повеќе рути кои се предизвикувачки, но не и премногу напорни.
За љубителите на бајковити предели, Црната шума во Германија е вистински избор – со водопади, базалтни столбови и патеки на кои може да се наиде и на фонтана со шнапс.
Ако пак посакувате мирис на море, Западен Корк во Ирска нуди прошетки долж брановите на Келтското Море, со можност денот да заврши во локален паб со жива музика и чаша ирско пиво.
Листата на „Тајмс“ за есенски прошетки низ Европа
- Циклади, Грција
- Алзас, Франција
- Пулија и Базиликата, Италија
- Атина, Делфи и Метеори, Грција
- Западен Корк, Ирска
- Мадрид – Порто, Шпанија и Португалија
- Истра, Хрватска
- Амалфи, Италија
- Монблан, Франција
- Мадеира, Португалија
- Еолски Острови, Сицилија
- Валенсија, Шпанија
- Џерси, Каналски Острови
- Тенерифе, Канарски Острови, Шпанија
- Црна шума, Германија
- Јужен Тирол, Италија
- Азори, Португалија
- Малта и Гозо
- Ла Гомера, Канарски Острови, Шпанија
- Ликија, Турција
- Ломбардија, Италија
- Проклетие, Албанија
- Атлас, Мароко
- Пијемонт, Италија
- Сардинија, Италија