
ФОТО | Една недела на јахтата на германскиот милијардер, кој си правел свадба на Ибица без невеста, чини 650.000 евра
Една од најмодерните и најлуксузните јахти чиј сопственик е 63-годишниот германски милијардер Ханс Георг Надер, е снимена во Дубровник, објави 24sata.hr.
Препорачано
Богатство на Надер се проценува на 2,8 милијарди долари, а тој е генерален директор на компанијата Отобок, која произведува протези, ортози, инвалидски колички, односно протетски и ортопедски помагала.
View this post on Instagram
Јахтата, изградена пред само две години во бродоградилиштето Дамен Јахтинг, се вика „Pink Shadow“ (Розова сенка), а ентериерот е инспириран од филмот од 80-тите години „Фицкаралдо“, во режија и продукција на Вернер Херцог, а во главната улога е Клаус Кински.
View this post on Instagram
Има шест палуби, 17 членови на екипажот, три барови, топли и ладни џакузи, плишани крокодили и, секако, хелиодром.
View this post on Instagram
За да се изнајми јахтата на една недела потребни се малку повеќе од 650.000 евра со вклучени дополнителни трошоци.
Германскиот претприемач има и многу интересен приватен живот. Во 2015 година, тој објавил дека неговиот брак повеќе не му одговара и дека е во врска со кубанска пејачка, на која ѝ издал албум преку својата продуцентска куќа. Потоа, во 2017 година, тој ѝ предложил брак на германската манекенка Натали Шел и изнајмил четвртина страница во берлински весник за да ја објави свршувачката.
Сè се распаднало кратко пред свадбата бидејќи Шел му била неверен. Сепак, Надер не ја откажал забавата на Ибица, туку се забавувал со стотина гости, но само без невестата.
View this post on Instagram