Долби театар, Оскари 2025 - Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

ФОТО | Ѕвездите на Оскарите пронашле кутија со мистериозна порака под нивните седишта

Многу од холивудските ѕвезди и познати филмски работници се појавија на 97. доделување на Оскарите во неделата вечерта, а кога дојдоа на своите места, најдоа интересно изненадување под нивните седишта.

Имено, пред почетокот на церемонијата, ѕвездите добија мал пакет – подарок, подготвен за нив, како и за луѓето кои ги пополнија седиштата. Водителот на вечерта, комичарот Конан О’Брајан, остави кутија со грицки под секое седиште со хумористична порака.

„Се надевам дека ќе уживате во овие бесплатни закуски. Се обидов да додадам гумени бонбони, но Дизни рече: ‘Нема шанси’. Имајте убава вечер, Конан“, се вели во пораката во која има и негова карикатура.

Еден од гостите, Рамин Сетодех, главен уредник на „Вараети“, ја сподели пораката на платформата Икс (поранешен Твитер), пишувајќи: „Под секое седиште на #Оскарите има порака од Конан и кутија со закуски што содржи вода и грицки“, откри тој, при што многумина го пофалија љубезниот гест на О’Брајан.

„Ова е толку слатко од него, тие мора да го ценат тоа!“ напиша еден следбеник, додека друг праша: „Дали сите пораки се исти, копирани и испечатени, или Конан ги напишал рачно поединечно? Затоа што е доволно смешен и искрен за да го направи тоа“.

„Мислам дека немаше време да напише стотици пораки“, одговори некој.

Комичарот ја шокираше публиката на Оскарите со шега за Трамп и Путин, а го исмеа и раперот Дрејк, мислејќи на неговиот конфликт со Кендрик Ламар, кој ескалира по настапот на Ламар на Суперболот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот