Џорџ Клуни - Фото: Fernando Ramales / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Џорџ Клуни изненади со промена на имиџот: Препознатливата седа коса ја обои кафеава

Џорџ Клуни беше фотографиран во Њујорк со сопругата Амал Клуни, а сите беа изненадени од неговата промена на бојата на косата. Тој ја обоил својата препознатлива седа коса во кафена боја.

Имено, 63-годишниот актер бил забележан на ручек со сопругата Амал, а во исто време го покажал својот нов имиџ – обоена кафеава коса.

Клуни и неговата 47-годишна сопруга биле видени веднаш по ручекот во францускиот ресторан Раул, каде што се сретнале со нивниот пријател адвокат Кевин Џонсон.

Додека некои се прашуваа дали се работи за средовечна криза, бидејќи актерот со години е препознатлив токму по седата коса, тоа не беше причината за промената на имиџот.

Имено, додека многу холивудски ѕвезди се свртеа кон боење на косата за да се обидат да ја оживеат својата младост, новиот изглед на Клуни беше поттикнат од неговото претстојно деби на Бродвеј.

Тој ќе глуми во претставата „Добра ноќ и со среќа“ (Good Night, and Good Luck), адаптација на истоимениот филм од 2005 година, кој претходно го напиша, режираше и глумеше. Во новата претстава актерот и режисер ќе го игра новинарот Едвард Р. Мароу.

За разлика од бојата на косата, Клуни го задржа стилот на облекување и носеше црна кожна јакна, која ја искомбинира со лежерни беж панталони и класични црно-бели патики Адидас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот