Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

ФОТО | Џорџ Клуни и Амал фатени во романтичен момент: Се бакнуваат во еден од најлуксузните хотели во светот

Американскиот актер Џорџ Клуни (63) и неговата убава сопруга, познатата адвокатка за човекови права Амал (46) моментално одмараат во луксузниот хотел Вила Д’Есте во Тиволи, во близина на Рим, а најновите романтични фотографии се вистински доказ за голема љубов.

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни и неговата 17 години помлада сопруга, либанско-британската адвокатка Амал Клуни, уживаат во шармот на езерото Комо во Италија, а парот престојува во еден од најлуксузните хотели во светот – Вила Д’Есте во Тиволи.

Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Тие се фотографирани на вечера со пријателите во хотелот, а фотографиите се полни со љубов и романса.

Имено, фотографите уловија романтичен момент на бакнеж на масата. Овој симпатичен пар седеше со пријателите, а забележливо е дека сѐ уште изгледаат свежо заљубени како првиот ден.

Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Џорџ во еден момент нежно ја прегрна Амал и ја бакна во чело. И двајцата беа облечени во црно, Амал носеше црн фустан со прерамки, а актерот црна маичка во комбинација со сиви панталони.

Инаку, Вила Д’Есте во Тиволи, каде престојува славната двојка, е еден од најлуксузните хотели во светот, кој се наоѓа на езерото Комо и е познат и како Вила дел Гарово. Од 16 век, кога е изградена како летна резиденција на кардиналот Комо, претрпе значителни промени, но фрагменти од оригиналната архитектура се зачувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот