Борис Џонсон на божиќна забава во Даунинг Стрит/ Фото Daily Mirror

ФОТО | Џонсон фотографиран со шампањ на божиќна забава во Даунинг стрит, полицијата го истражува случајот

Британската полиција беше повикана да истражи уште една забава во Даунинг стрит за време на локдаунот, откако на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија на која беше прикажан британскиот премиер Борис Џонсон на „божиќен квиз“ во декември 2020 година, со отворено шише шампањ заедно со неговиот персонал, пишува Гардијан.

Сликата објавена од Дејли Мирор го прикажува премиерот со тројца членови на персоналот на настанот на 15 декември, за кој број 10 рече дека бил виртуелен квиз.

Џонсон во последниов месец се соочува со голем притисок во Британија, а доколку полицијата утврди дека овие фотографии се точни, притисокот врз него уште толку ќе се зголеми.

Роденденската забава од сопругата може да биде „нокаутот“ за Џонсон

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!