џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/Steve Helber /

ФОТО | Џони Деп во врска со адвокатката која го застапуваше во судскиот процес

Желбата на фановите на Деп делумно се исполни. Актерот е во врска со адвокатка, но не станува збор за Камила.

Американскиот и музичар Џони Деп е во врска со Џоел Рич, адвокатката која го застапуваше во Британија во судскиот процес за клевета против The Sun, потврди „Page Six“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hola.com México (@hola_mx)

Џоел моментално е во процес на развод и не е познато кога точно започнала нејзината врска со Деп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨THE WEBNEWS (@the_webnews)


Извор за медиумите потврдил дека Деп со адвокатката се запознал дискретно во хотел во раните фази на нивната романса, а таа допатувала во Вирџинија за да го поддржи за време на судскиот процес против Амбер Херд, иако тогаш немала професионална обврска за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Да потсетиме дека Деп претходно беше поврзуван со друга адвокатка, Камила Васкез, која брзо ги демантираше гласините.

„Тоа е сексистичко. Жално е и разочарувачки, но не можам да кажам дека сум толку изненадена“, рече тогаш таа.

Иако фановите навиваа Деп и Камила да започнат нова љубовна романа, адвокатката веќе некое време е во среќна врска со британски претприемач за недвижнини, а изгледа дека Џоел во меѓувреме му го украде срцето на актерката.

Џони Деп и Ал Пачино ќе продуцираат филм за познатиот италијански сликар Модилјани

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот