Фото: Принтскрин/ Икс/ Pop Base

ФОТО | Контроверзната млада пејачка со шокантна фотосесија, облече костим кој имитира машки полов орган

Американската пејачка, текстописец и актеркa Џоџо Сива е ѕвезда на новото издание „Lady Gunn“, а насловната страна со неа предизвика многу негативни коментари на платформите Икс и Инстаграм.

„Како млада, научив дека во очите на јавноста секое внимание е внимание… без разлика дали е добро внимание или само внимание. Само што потпишав нов договор, новите соработници се одлични, неверојатни луѓе. Рекоа – во ред, мораме да ги натераме луѓето да те забележат и да почнат да те сакаат, a јас реков дека тоа не е поентата“, изјави пејачката Џоџо (33).

Насловната страница привлече внимание и тоа негативно. А дали публиката уште повеќе ќе ја сака по оваа фотографија, судејќи по коментарите, моменталната ситуација не ветува.

Пејачката на спорната фотосесија носи костим кој ја имитира анатомијата на машкото тело.

Долниот дел од костимот имитира изглед на машки полов орган, што предизвика многу негативни коментари: „Не ми се допаѓа оваа слика“, „Не знам кој ја води нејзината кариера, но ова ќе ја уништи“ , „Џоџо прекини го ова. Се плашам“, „Има уште време да се избрише ова“.

Од друга страна, некои велат дека реакциите би биле сосема поинакви доколку Лејди Гага се претстави во ова издание, има и такви кои велат дека треба да се цени слободата на облекување која не ги зема предвид половите разлики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот