Фото: Инстаграм/ Профимедиа

ФОТО | Џиџи Хадид е аут: Новата девојка на Дикаприо е две години помлада од „Титаник“

Иако се шпекулираше дека холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо (48) е во љубов со манекенката Џиџи Хадид, се чини дека најпознатиот холивудски ерген решил љубовта да ја побара на друго место.

Актерот е снимен во Холивуд во пријатно друштво со младата актерка Викторија Ламас (23).


Оскаровецот, кој има репутација дека никогаш немал девојка постара од 25 години, е снимен како влегува во автомобил со Викторија. Интересно е што Викторија е родена две години откако во 1997 година премиерно е прикажан филмскиот хит „Титаник“ со Дикаприо во насловната улога.


Нејзин татко е актерот Лоренцо Ламас, најпознат по улогата во серијата „Falcon Crest“, а нејзината мајка е Шауна Сенд, актерка и поранешна зајачица на „Плејбој“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lorenzo Lamas (@lorenzo_lamas)


Леонардо и Викторија одвоено го напуштиле клубот „Брдс стрит“, но заедно влегле во автомобилот.

Извор близок до актерот вели дека Леонардо и Викторија не се пар, туку дека само биле заедно во поголемо друштво. Но, американските медиуми наголемо пишуваат за новопечениот пар.


Да потсетиме, Дикаприо, меѓу другите, се забавуваше со Камила Мороне, Блејк Лајвли, Тони Гарн, Бар Рафаели и Жизел Бундшен.

ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица

ФОТО | Украинка е новата девојка на Леонардо Дикаприо! Има само 22 години

ФОТО | Кој сѐ беше на роденденот на Леонардо Дикаприо? Од Џиџи Хадид ни трага ни глас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот