Ученици демолирале училишна библиотека на Флорида/Фото: Фејсбук

ФОТО | Двајца ученици демолирале библиотека во училиште во Флорида, направиле штета од 50.000 долари

Двајца ученици, на возраст од 12 и 13 години, предизвикаа штета од повеќе од 50.000 долари во нивната училишна библиотека во Флорида.

Видео снимките од полициските службеници кои го истражуваа основното училиште „Френдшн“ во Делтона го доловија обемот на уништувањето предизвикано од двајцата малолетници, кои беа пријавени на властите од нивните мајки.

Двајцата ученици, меѓу другото, скршиле стаклена врата, го уништиле медиумскиот центар, скршиле мебел, расфрлале книги и пишувале графити по ѕидовите.

Полицијата ги идентификуваше вандалите како Феликс Коен Ромеро,12, и Бентли Рајан Вирли, 13.

Двајцата малолетници се снимени на безбедносни камери кратко пред да влезат во библиотеката, носејќи капи и маски за да ги сокријат своите црти на лицето.

Според полицијата, двајцата малолетници нападнале во две фази во неделата: Прво влегле преку ден, а потоа се вратиле за да се „пофалат“ со уништувањето и да го продолжат.

Секое момче е обвинето по две точки за провала, две точки за нелегално влегување во училишен имот, злонамерна штета и кражба, според канцеларијата на шерифот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот