Фото: Instagram/ champagnepapi

ФОТО | Дрејк се пофали со колекцијата „сувенири“ кои обожавателките му ги фрлаа на неговите настапи

Раперот Дрејк ја покажа својата колекција од „сувенири“, со која многумина би сакале да се пофалат. Познатиот музичар на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира пред огромната колекција градници, уредно наредени на подот зад него.

Долната облека е во различни бои, стилови и големини, а се чини дека ги има преку 100. Станува збор за градниците кои бројни обожавателки ги фрлаа на сцената за време на неговите настапи, а Дрејк може да се види со раширени раце и насмевка на лицето.

Фрлањето градници кон познатиот рапер стана тренд на неговите настапи, па може да се каже дека тој помина многу подобро од другите музичари, кои беа удирани со разни предмети од публиката. Откако ја објави фотографијата, неговите следбеници имаа што да пишат во коментарите.

„Жал ми е за тој што морал да го состави ова, тие се организирани по големина“, „Изгледаш како продавач на градници“, „Човекот има повеќе градници од Викторија Сикрет“, беа само дел од хумористичните коментари.

Музичарот, исто така, им даде увид на следбениците како настанала фотографијата – споделувајќи видео од девојките кои се дел од неговиот персонал, како го организираат купот со градници.

 

Дрејк го купил прстенот на Тупак Шакур вреден 1 милион долари

Дрејк го купил прстенот на Тупак Шакур вреден 1 милион долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот