ФОТО | Дојде струја во Собранието, владата треба да се изгласа до полноќ

Собраниската седница за избор на новата влада продолжи по прекинот кој настана поради тоа што снема струја. Невремето што го зафати Скопје малку ги пролонгираше говорите на пратениците, но собраниската седница продолжи.

Претходно беше посочено дека првите луѓе на пратеничките групи не успеале да постигнат договор за повлекување на дел од пријавените за гласањето да се одржи порано вечерва. Новиот состав на владата треба да биде изгласан најдоцна до полноќ.

Во продолжението на седницата по прекинот со напојување со електрична енергија поради невремето во Скопје, дебатираа неколкумина пратеници.

Пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ рече дека сите реформски проекти кои се во интерес на граѓаните ќе бидат поддржани од опозицијата, додека за сите сомнителни инвестиции владата ќе биде жестоко критикувана.

-Довербата од над 400.000 гласа ја добивте, а тоа значи огромна одговорност и огромни очекување. Затоа испорачајте се она што се ветиле, се обрати пратеникот на СДСМ кон предложените членови на новата влада.

Според последните информации за говор се останати уште седуммина пратеници од вкупно шеесет кои беа пријавени. Погледнете ја атмосферата низ фотографиите на нашиот репортер Слободан Ѓуриќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот