Фото: Инстаграм

ФОТО | Доби нов „нож во грб“ од сопствениот син: Бруклин и овој пат им приреди големо разочарување на своите родители

Ситуацијата меѓу Бруклин Бекам и неговите родители, Дејвид и Викторија, стана тема на бројни медиумски написи откако Бруклин го пропушти 50-тиот роденден на својот татко, а потоа и други важни семејни настани.

Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц поминуваат сè повеќе време со нејзиното семејство во САД, а тој дури и го додаде презимето Пелц по свадбата, што многумина го толкуваат како симболично оддалечување од сопственото семејство.

„Толку сум среќна што сум твоја ќерка … Те сакам повеќе отколку што би можела да кажам ти си ветерот под моите крилја … Ти благодарам што секогаш си тука за нас – нашата постојана љубов и поддршка“, напиша Никола Пелц Бекам под фотографија со Бруклин и нејзиниот татко, кој неодамна го прослави својот 83-ти роденден.

А фотографијата дури и не би имала вредност да не беше делот за постојаната љубов и поддршка, токму она што наводно недостасува кај семејството Бекам.

Ситуацијата меѓу Бруклин Бекам и неговите родители, Дејвид и Викторија, стана тема на бројни медиумски написи откако Бруклин го пропушти 50-тиот роденден на својот татко, а потоа и други важни семејни настани.

Одлуката јавно да му честита роденден на својот свекор Нелсон Пелц на Инстаграм, а воедно целосно да го игнорира сопствениот татко, дополнително ги поттикна шпекулациите за длабок јаз во семејството. Исто така, според извори блиски до семејството, Бруклин наводно им кажал на своите родители и браќа дека не сака никаков контакт и не одговара на нивните обиди за комуникација.

Од друга страна, Бекамови, според изворите, се повредени и разочарани што нивниот најстар син повеќе не учествува во семејниот живот, но тие продолжуваат да изразуваат љубов и подготвеност за помирување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот