Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | „Дедо, да си ни жив и здрав“: Сестрите Тијана и Тамара го прославија 80. роденден на татко им Велко

Таткото на нашите пејачки Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ, музичарот и поранешен професор по контрабас, Велко, неодамна го прослави својот 80. роденден.

По тој повод, сестрите одлучија да го изненадат својот татко и да го поминат овој ден заедно. Имено, тие го прославија големиот јубилеен роденден во познат скопски ресторан со најблиските, но и со многу пријатели.

Целиот ресторан беше украсен со бели рози и кали, а свеќичките на роденденската торта со музички мотиви, Велко ги дувна заедно со своите внуци Хана и Дарен.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Тамара сподели неколку фотографии и покажа како го одбележале овој важен ден во нивното семејство.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Дедо, да си ни жив и здрав“, напишала Тамара на една од фотографиите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

 

ФОТО | Тамара Тодевска, заедно со своите деца, партнерот и таткото, ја бодреше Македонија на натпреварот против Велс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот