Фото: facebook.com/TriathlonMKD

ФОТО | Даниела Атанасовска со трето место на светскиот офф-роуд триатлон во Италија

Македонската триатлон федерација споделува една интересна и инспиративна приказна од нашата Даниела Атанасовска.

Атанасовска ја претстави Македонија во Age Group категоријата на XTERRA Светскиот шампионат 2025 во Молвено, Италија, кој е најпрестижниот светски оф-роуд триатлон со учесници од 50+ земји.

XTERRA е нестандарден формат на триатлон: трките се состојат од пливање во планински езера, планински велосипедизам и трчање по офф-роуд терени.

Алексовска се квалификуваше на XTERRA во Грција со освоено трето место во категорија 40-44, а во Италија се соочи со:

-1.5 км пливање во планинско езеро
-32 км МТБ со 1110 m искачување
-10 км планинско трчање со 316 m висинска разлика

Пораката на Даниела Атанасовска до младите е: Верувајте во себе, тренирајте и следете ги соништата – вашите успеси може да бидат уште поголеми!

Фото: facebook.com/TriathlonMKD
Фото: facebook.com/TriathlonMKD

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот