Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

ФОТО | Даниел Кајмакоски откри убави вести на Велики четврток: Неговата сопруга е бремена

Пејачот Даниел Кајмакоски отсекогаш бил искрен кога станува збор за неговиот приватен живот.  Македонскиот победник во музичкото натпреварување „Икс-фактор“, пред неколку месеци на социјалните мрежи откри дека има нова жена во неговиот живот објавувајќи фотографија со саканата. Кајмакоски не ѝ го откри идентитетот на убавата девојка, но јавно ги сподели своите чувства кон неа.

Само неколку месеци по објавата, на својот инстаграм – профил пејачот сподели како ја бакнува својата избраничка додека на фотографијата пишува „Just Married“ (Штотуку венчани). Еден ден по венчавката, пејачот објави и прекрасни фотографии на кои парот си ги разменува венчалните прстени.

Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Кајмакоски и овој пат сподели убави вести, на Велики четврток, токму пред големиот христијански празник Велигден. Пејачот ги информираше своите следбеници дека со новата сопруга очекуваат принова во семејството.

„Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име… Го чекаме нашето мало момче“, напиша Кајмакоски покрај фотографијата од неговата бремена сопруга.

Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Од сите страни пристигнуваат честитки до Кајмакоски и неговата сопруга.

Инаку, пејачот веќе има едно дете, шестгодишниот Давид, кое го доби во бракот со Кристина Димитријевска.

ФОТО | „Ти си сѐ она што некогаш сум го барал“: Се ожени Даниел Кајмакоски

Даниел Кајмакоски објави фотографии од венчавката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот