Меланија Трамп, Кејт Мидлтон / Фото: Профимедиа

ФОТО | Дами со стил: Меланија елегантна во жолт фустан со голи раменици, Кејт блеска во златен фустан и нејзината омилена тијара

Во замокот Виндзор беше организиран државен банкет во чест на американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп за време на нивната посета на Велика Британија.

На оваа гламурозна пригода, Меланија и Кејт Мидлтон  повторно докажаа дека се дами со одличен и препознатлив стил.

Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

Имено, првата дама носеше жолт елегантен фустан со голи раменици од Каролина Ерера, со виолетов ремен кој ѝ го нагласи струкот. Изгледот го комплетираше со виолетови високи потпетици „Маноло Бланик“ од кадифе. Целиот изглед го комплетираше со висечки обетки со зелени скапоцени камења.

Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

Принцезата од Велс за овој свечен настан облече елегантен фустан од британската дизајнерка Филипа Лепли со рачно извезена златна тантела. Изгледот го комплетираше со својата омилена кралска тијара, позната како „Љубовниот јазол“ на кралицата Мери. Иако од нејзината венчавка со принцот Вилијам во 2011 година има носено четири различни тијари, токму оваа е нејзиниот најчест избор за свечени пригоди како што се државни банкети и дипломатски приеми.

Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

За да го комплетира својот изглед, принцезата Кејт носеше обетки кои ѝ припаѓале на покојната кралица Елизабета. Таа, исто така, ги носеше семејниот орден на кралот Чарлс Трети, семејниот орден на кралицата Елизабета Втора, како и лента од Големиот крст на Кралскиот викторијански ред.

Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

На настанот присуствуваа 160 гости, а оброкот се одржуваше околу банкетната маса долга речиси 50 метри. На масата беа поставени 139 свеќи и 1452 парчиња прибор за јадење, а работеа нешто повеќе од 100 вработени. Меѓу гостите, освен семејството Трамп и кралското семејство, беа и премиерот Кир Стармер, извршниот директор на „Блекстоун“ Стив Шварцман, директорот на „Епл“, Тим Кук, извршниот директор на „Нвидиа“, Џенсен Хуанг и Сем Алтман од „ОпенАИ“, медиумскиот могул Рупер Мардок и многу други.

Државниот банкет беше кулминација на првиот ден од државната посета на американската претседателска двојка на Велика Британија.

ВИДЕО | Трамп и Меланија пристигнаа во Лондон: Читач на усни открива што ѝ се пожалил тој кога слетале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот