
ФОТО | Дали принцот Вилијам го очекува напнат Божиќ? Во палатата пристигнува и неговата „тајна сестра“
Подготовките за кралскиот Божиќ и собирот на кралското семејство се при крај, а со денови се нагаѓа кој сè ќе биде присутен во Сандрингам. Според најновите гласини, на кралското семејство за Божиќ можеби ќе му се придружи и ќерката на кралицата Камила, а односот меѓу неа и принцот Вилијам во минатото беше поприлично драматичен.
Препорачано
Иако принцот Ендру, Сара Фергусон и принцезата Јуџин нема да присуствуваат на годишниот собир – како и Меган Маркл и принцот Хари кои не ни добија покана – списокот на гости продолжуваше да расте во деновите пред големиот настан.
Синот на кралицата Камила, Том Паркер Боулс, за прв пат во историјата ќе присуствува на собирот на кралското семејство во Норфолк. А сега се чини дека на конечната листа на гости е и „тајната сестра“ на Вилијам, Лаура Лопес, пишува The Mirror. Минатата година Лопес наводно за прв пат била присутна на Божиќ во Сандрингем.

Семејни кавги
Присуството на Том Паркер Боулс и на Лаура Лопес може да му приреди на Вилијам неколку непријатни денови. Имено, во претходен извештај на Дејли бист беше наведено дека Вилијам не е најголемиот обожавател на Паркер Боулс. А според книгата на Кејти Никол од 2010 година, „Вилијам и Хари“, тој не ја сака премногу ни неговата полусестра.
Во дел од книгата, како што пишува The Sun, Никол открила дека Вилијам и ќерката на Камила претходно имале расправија, а односот им бил напнат и имале заладени односи откако тогашниот принц Чарлс и Камила се споиле.

Кавги од минатото
„Вилијам и Лаура многу се караа околу тоа кој е виновен за нивните уништени домови“, навела Никол во книгата.
„Вилијам ја обвинувал Камила за сета болка што и ја предизвикала на неговата мајка, принцезата Дијана, а тоа ја налутило Лаура… А Лаура не му останала должна. Заземала цврст став и му одговори на Вилијам: „Татко ти ми го уништи животот“.

И покрај гласините дека Вилијам ќе го прескокне божиќното дружење доколку биде присутен неговиот полубрат Том Паркер Боулс, Вилијам претходно овој месец откри дека конечниот број на гости е 45.
„Ќе бидеме во Норфолк, во Сандрингам. Ќе бидеме 45-мина на Божиќ, нема да биде тивко, ќе биде бучно“, рече тој.